Samsung ја носи колекцијата на легендарниот уметник Кит Харинг на телевизорите The Frame

Keith-Haring-Retrospect_dl3
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 13 декември 2023 г. – Samsung Electronics, глобален лидер во индустријата за екрани, денеска објави дека новата колекција на реномирани дела на Кит Харинг е достапна на платформата на Samsung Art Store[1] почнувајќи од 1 декември. Колекцијата содржи дванаесет[2] најзначајни дела на легендарниот уметник од 20-иот век, воведувајќи го неговото неизбришливо наследство во домовите ширум светот.

„Возбудени сме што ќе ја претставиме моќта и виталноста на овој современ уметник во Samsung Art Store“, рече Селин Сангсук Хан, извршен потпретседател на одделот за екрани во Samsung Electronics. „Кит Харинг создаде визуелен јазик, кој е препознатлив низ целиот свет и ние сме среќни што можеме да гу понудиме овие уметнички дела на дигитална платформа за нашата глобална публика да ужива во своите домови“.


Кит Харинг, еден од најреномираните млади уметници на своето време, бил суштински претставник на њујоршката урбана улична култура во 1980-тите. Инспириран од уличната уметност која го карактеризира градот, Харинг започнал да ги изложува своите дела во галерии и музеи низ целиот свет. Тој, исто така, учествувал во проекти за подигање на социјалната свест, вклучувајќи кампањи за описменување и иницијативи во рамки на борбата против СИДА.

Корисниците на платформата Samsung Art Store сега можат да прикажуваат дела, како што се: „Бебето кое плаче“, „Ретроспектива“ и „Без наслов (Кучиња кои танцуваат),“ со што овие култни уметнички дела на Харинг стануваат достапни за корисниците ширум светот. Колекцијата е посебно избрана и прилагодена за екран 16:9 на телевизорот The Frame.

„Соработката со Samsung Art Store беше одлична можност да се споделат иконските уметнички дела на Кит Харинг со глобалната публика“, рече Дејвид Старк, основач и претседател на Artestar, меѓународна агенција за лиценцирање брендови и консултантирање, која го застапува студиото на Кит Харинг. „Кит живееше според мотото „Уметноста е за секого“, а телевизорите The Frame дозволуваат неговите дела да влезат во домовите на неговите обожаватели, но и на оние кои не слушнале за него. Се надеваме дека оваа колекција ќе предизвика интерес за Харинг и неговото наследство“.

Во текот на својата кариера, Харинг создавал уметност не само од креативна побуда, туку и за подобрување на својата заедница. Тој создал бројни мурали, скулптури и слики за болници, здруженија за помош на сиромашни деца и за разни локално здравствени организации. Неговата фондација посветено работи со музеи, галерии, издавачи и организатори на програми за уметничка едукација кои ја слават неговата работа. Харинг бил тема на неколку меѓународни ретроспективни изложби и неговиите дела се претставени во големи приватни и јавни колекции, вклучувајќи ги Музејот на современа уметност, Музејот на американската уметност Витни и многу други.

 

Од основањето на платформата Samsung Art Store во 2017 година, Samsung соработува со значајни уметници, музеи и уметнички галерии за да им овозможи на корисниците да гледаат уметнички дела и непроценливи колекции од удобноста на нивните домови. Покрај оваа колекција, Samsung Art Store нуди илјадници други дигитални уметнички дела од мајстори, како што се: Густав Климт, Кандински и Ван Гог, како и дигитални уметнички колекции на големи глобални институции, вклучувајќи ги Тејт во Лондон, музејот Прадо во Мадрид и музејот Белведере во Виена.

 

За повеќе информации за The Frame и Samsung Art Store, одете на: samsung.com.

[1] Потребна е претплата за Samsung Art Store.

[2] Бројот на достапни дела може да варира во зависност од регионот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK