Правда очекува Палевски да се жали на секоја точка и запирка, екстрадицијата нема да се случи за недели, туку за месеци

Од-неовластено-прислушкување-држење-оружје-даночно-затајување-МВР-за-Палевски.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерство засега нема охрабрување за брза екстрадиција на Љупчо Палески – Палчо од Турција, кој е осомничен за двојното убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски.


Иако во експресно краток рок, македонската страна завршила со подготовка за испраќање на барањето за екстрадиција, а вчера добиле потврда и дека официјално е примено барањето, во Министерството за правда не очекуваат екстрадицијата да се случи за денови или недели, туку во најдобар случај би се работело за месеци.

По приемот на барањето за екстрадиција, Турција може да се случи да побара дополнување на документацијата, и од Правда велат дека се подготвени да одговорат на сите барања. Досега такво барање не е стигнато, но она што Министерството го нема како податок се турските рокови во кои треба да заврши екстрадицијата.

На експресна постапка се обрзани и со конвенциите и законите кои ги има потпишано Турција, а ги има и Македонија, но и во нив нема охрабрување за брза екстрадиција.

„Екстрадицијата може да се случи по скратена постапка, но само ако притвореното лице се согласи да биде предадено. Најкратката екстрадиција што сме ја имале во досегашното функционирање траела десет дена со Швајцарија кога буквално моравме да отидеме физички да си го земеме лицето. Но знаејќи за кого се работи во овој случај, очекуваме тој да се жали на секоја точка и запирка во целокупната постапка. Има право на жалба и на притворот и на секоја фаза од постапката за екстрадиција“, велат од секторот за меѓународна соработка во Министерството за правда.

Министерот за правда, Кренар Лога, на неформална средба со турскиот амбасадор дбил известување дека вакви барања за екстрадиција имаат по 100 во еден ден и дека мора строго да се внимава на постапката. Ова е со цел да не се повтори случајот кога Косово екстрадирал во Турција пет лица за коишто воопшто немало постапка, па се барало понесување на одговорност на високо ниво, и од тука неопходна е голема внимателност.

Иако бил известен амбасадорот за значењето на Македонија за екстрадицијата и го разбира, сепак таа е една од многуте кои се во рацете на турските власти и процедурите треба да бидат завршени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK