Тасевска: До 15.000 денари поддршка за пензионерите во наредните пет месеци

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новиот, деветти пакет антикризни мерки на Владата предводена од СДСМ обезбедува финансиска поддршка за 187.000 пензионери со пониски пензии, објави на прес-конференција, пратеничката од СДСМ, Лидија Тасевска.



Како што рече, СДСМ ветиле пораст за пензиите и континуирана финансиска поддршка и тоа ветување го исполнуваат.

„Повеќе за сите е огледало на нашата грижа за сите. Во наредните 5 месеци пензионерите со пензија до 14.000 денари добиваат по 3.000 денари месечно финансиска поддршка. За 5 месеци тоа е поддршка од вкупно 15.000 денари и реална помош во услови на продолжена криза. Пензионерите пак со пензија од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно. За нашите сограѓани, пензионери со пензии меѓу 16.000 и 19.000 денари во следните 5 месеци, ќе имаат поддршка од 1.500 денари“, рече Тасевска.

Како што додаде, исплатите на оваа финансиска поддршка пензионерите може да ја очекуваат веќе од втората половина на овој месец.

Наглси дека СДСМ веќе ги покачи пензиите и пораснаа во просек 5.000 денари во однос на тоа што изнесуваа од врмето на ВМРО-ДПМНЕ.

Просечната пензија денес изнесува 20.100 денари што е за 6.400 денари повеќе во однос на 2016 година, рече Тасевска.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK