Со масивни минирања се уништува ретко природно наследство, геолошкиот музеј под отворено небо помеѓу селата Алинци и Шелеверци

apel
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

💣 Со масивни минирања се уништува ретко природно наследство, геолошкиот музеј под отворено небо, но и културно наследство на локалитетот „Црн Камен“ или „Каракамен“ помеѓу селата Алинци и Шелеверци, на само 10 км јужно од Прилеп, за потребите на американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ кој ги гради четирите автопатски делници на коридорите 8 и 10д за 1,3 милијарди евра.

⛔️ Масивни минирања го девастираат овој локалитет кој содржи бројни ретки минерали, како македонитот кој е пронајден тука и го има на уште само еден локалитет во Шведска, амазонит, титанит, рутил, монацит, арфедсонит, антас, кварц, аугит, циркон, апатит…


🟣 Ова е ексклузивен локалитет, не само по единствениот број на ретки минерали, но и по значајни културни остатоци од населба од праисториските периоди.
🆘 Во моментов се уништуваат и археолошки артефакти.
Овој редок локалитет е значаен за светската научна јавност, како и од стопански и археолошки аспект.
❌ Според информациите од геолози, материјалот од овој локалитетот не е погоден за тампон за пат, но сепак е одлучено тука да се поминува.

👉 Ова девастирање е овозможено со измените во Законот за минерални суровини за потребите на Бехтел и Енка, со кои минералните суровини кои ќе им се најдат на патот ќе можат да си ги експлоатираат.
👉 Ако сакаат концесија за детални геолошки истражувања им се издава директно во рок од 20 дена, а концесија за експлоатација на минералните суровини во рок од 14 дена, без никакви стручни мислења од разни области, како животна средина, заштита на културно наследство, транспортот и врските, шумарството и водостопанството, земјоделството,… и без мислење од општинaта на чија територија се наоѓа подрачјето за концесија.

👉 Со последните измени на законот, изгласани од пратениците на 27.11.2023, се овозможува на Бехтел и Енка, но не само ним, туку и на сите кои градат државни и општински патишта и хидротехнички објекти, покрај директна експлоатација на неметалични минерални суровини, собирниот кварц и песок и чакал вон коритата и бреговите на површинските водни тела, да експлоатираат за свои потреби и архитектонско-украсен камен, како мермер, гранит, габро, травертин, оникс, базалт, сијанит, бреча и други.
Грабеж со еден збор и уништување на нашите природни наоѓалишта на минерални суровини за ич ништо.
📢 Ќе реагира ли некој од институциите кои се должни да ги заштитат ваквите ретки геолошки локалитети или како и сè друго во државава ќе си оставиме да ни се случува ваков грабеж и уништување? Министерство за животна средина и ПП / Ministria e Mjedisit Jetësor dhe PH Каја Шукова Државен инспекторат за животна средина / Inspektorati Shtetëror i Mjedisit Влада на Република Северна Македонија ДОМ Maja Morachanin Христина Оџаклиеска СДСМ – Социјалдемократски сојуз на Македонија Либерално Демократска Партија ЛДП Моника Зајкова – Monika Zajkova Левица ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО-ДЕМОКРАТСКА ПАРТИЈА ЗА МАКЕДОНСКО НАЦИОНАЛНО ЕДИНСТВО Bashkimi Demokratik për Integrim – BDI Aleanca për Shqiptarët Lëvizja BESA Alternativa Општина Прилеп

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK