Поднесена е кривична пријава за возачот кој го пренесе Палевски од Белград до Турција

Детали-за-бегството-на-Палевски-влегол-во-Бугарија-во-саботата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата поднесе кривична пријава по брза постапка против возачот кој го пренесе Љупчо Палевски од Белград до Турција поради случајот со двојното убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски.


Од МВР велат дека постојат основи на сомневање дека С.Д. сторил кривично дело помагање.

Тој се сомничи дека од 1 до 3 декември со автомобил „ленд ровер“, со струмички регистарски ознаки, сопственост на струмичка фирма, го зел Палевски од Белград и го однел во Турција, со цел да му помогне да избега и да се сокрие од органите за прогон.

Возачот кој заврши во притвор, негира вина за случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK