Министерот за правда Кренар Лога оствари средба со новиот амбасадор на Република Австрија , Мартин Памер.
Лога му посака добредојде на Памер и изрази уверување дека билатералните односи и соработката меѓу двете земји ќе продолжат да се развиваат и во наредниот период.
Амбасадорот Памер изрази интерес за уставните измени и состојбите во правосудството. Беше информиран за закодавната агенда на Министерството за правда, потребата од дигитализација, новиот Кривичен законик.
Министерот за правда Кренар Лога рече дека само со нов Судски совет, нов Јавен обвинител и нов АКМИС може за кратко време да се врати довербата на граѓаните во судството.
Австрија останува наш партнер на патот кон полноправно членство во ЕУ, велат од министерството.