Анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ 2023 г.: понудата на кредити се затегнува додека банките во регионот внимателно ја набљудуваат експанзијата поради загриженост околу профитабилноста

EIB
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките во Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) за втората половина на 2023 година, го нагласува континуираното затегнување на понудата на кредити во регионот. Додека јазот меѓу понудата и побарувачката се намали во споредба со претходните периоди, понудата на кредити1 останува ограничена во Србија, Албанија, Косово2, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Побарувачката за кредити3 од клиентите на банките остана отпорна и се очекува благо да се подобри. Фиксните инвестиции и малопродажбата, особено пазарот на недвижнини, имаа негативен придонес, но се очекува тие да одново да почнат во наредниот период. Наспроти претходните негативни очекувања, квалитетот на кредитите се подобри во последните шест месеци. Сепак, со оглед на послабите економски изгледи и повисоките каматни стапки, банките повторно очекуваат зголемување на нефункционалните кредити во следните шест месеци.

И покрај тоа, сѐ поголем број банки ја изразуваат својата намера за селективно проширување на своето работење во регионот (50 %, зголемено од 45 % во последниот круг и 30 % во кругот пред тоа) или да го задржат истото ниво на работење. Повеќето регионални подружници имаат повисока профитабилност од целокупната група во однос на повратот на средствата и повратот на капиталот, особено во Чешка, Косово и Северна Македонија. Сепак, нивното гледиште за профитабилноста значително се влоши од претходниот круг на анкетата, при што повеќе од 50 % од банките сега сигнализираат помала профитабилност во различни земји (Албанија, Хрватска, Унгарија, Полска и Романија) во споредба со вкупните операции на групата.


Потпретседателот на ЕИБ, Киријакос Какурис, изјави: „Наодите од анкетата покажуваат дека затегнувањето на понудата на кредити што започна во 2022 година поради војната во Украина, инфлацијата, повисоките стапки и економското забавување, сè уште трае. Сите деловни сегменти се погодени од затегнати услови за снабдување, особено малите и средни претпријатија. Тука доаѓа улогата на ЕИБ Глобално кој ќе продолжи да обезбедува поволно финансирање преку нашите финансиски посредници за малите бизниси во регионот за да им помогне да ги решат нивните финансиски ограничувања, да се декарбонизираат, да трошат и да создаваат нови работни места. “

Дебора Револтела, главниот економист во ЕИБ, коментира: „Анкетата е витална алатка за следење на трендовите на банкарскиот сектор, како и факторите кои влијаат на кредитните стандарди и услови во регионот на ЦИЈИЕ. Таа ни овозможува да ги разбереме предизвиците со кои се соочуваат банките и дава вредни увиди во потребите за финансирање на компаниите и домаќинствата. Наодите ќе придонесат кон информирано носење одлуки и формулирање на политики.“

Анкетата, спроведена од Европската инвестициска банка (ЕИБ) во соработка со меѓународни и локални банки, дава вредни сознанија за прекуграничните банкарски активности, детерминантите за кредитен раст и очекувањата на пазарот. Повеќе информации и детали за земјата можете да најдете тука.

Основни информации

За ЕИБ

Европската инвестициска банка е институција за долгорочно кредитирање на Европската Унија и е во сопственост на нејзините земји-членки. Таа обезбедува финансии и експертиза за проекти што придонесуваат за целите на ЕУ. Групацијата ЕИБ тесно соработува со партнери од јавниот и приватниот сектор за поддршка на одржливи инвестиции, создавање работни места, економски раст и иновации низ Европа.

За анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ

Анкетата на ЕИБ за кредитирање на банките од ЦИЈИЕ е анкета што се спроведува на секои шест месеци, со анкетирање околу 15 меѓународни банкарски групи и 85 локални подружници или независни локални банки, во Централна, Источна и Југоисточна Европа. Таа собира информации за кредитните стандарди, роковите и условите, како и за различните домашни и меѓународни фактори што може да бидат одговорни за промените во кредитирањето. Исто така, се испитува и побарувачката за кредити. Анкетата вклучува конкретни прашања за квалитетот на кредитите и условите за финансирање на банките. Таа е создадена за да изгради панел на набљудувања што може да обезбеди процена во речиси реално време за моменталната состојба на банкарскиот сектор во регионот на ЦИЈИЕ. Анкетата е развиена и управувана од Одделот за економија на ЕИБ и е дел од серијата извештаи изработени заедно со Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка за Виенската иницијатива.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK