Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против 22-годишниот Џ.И. од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“, извести МВР.
На 12.10.2023 на Градскиот плоштад во Кочани, пријавениот со мотоцикл удрил во возило, по што и физички го нападнал возачот на возилото, додаваат од МВР.