Јавна дебата на македонските инженери „ЧЕБРЕН Е МАКЕДОНСКИ РЕСУРС И НЕ Е ЗА РАЗДАВАЊЕ”

chebren
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Утре со почеток во 12:00 часот во Салонот 19.19 на Културно-информативниот центар во Скопје, македонските инженери ќе одржат јавна дебата на тема:







„ ЧЕБРЕН – МАКЕДОНСКИ РЕСУРС – НЕ Е ЗА РАЗДАВАЊЕ”.

На дебатата воведни излагања ќе имаат: Проф. д-р Константин Димитров, дипл. инж. (Машински факултет – Скопје); Проф. д-р Арсен Арсенов, дипл. инж. (Факултет за електротехника и информациски технологии – Скопје); Проф. д-р Атанаско Туневски, дипл. инж. (Машински факултет – Скопје) и Проф. д-р Дејан Трајковски, дипл. инж. (Технички факултет – Битола)

Покана за учество во дебатата е упатена до сите надлежни и компетентни субјекти: премиерот, министрите за економија, финансии, животна средина и просторно планирање, заменик премиерот за економски прашања, менаџментот на стопанската комора, управниот одбор на ЕСМ, членовите на одделението за технички науки на МАНУ, директорот на Агенцијата за енергетика,  претседателот на регулаторната комисија за енергетика, јавниот правобранител, раководството на државниот завод за ревизија, деканите и студентите од сите технички факултети во државата.

Учесниците ќе дадат одговори на сите досегашни прашања на јавноста: Зошто досега не е изградена оваа хидроцентрала? Зошто Македонија треба да го стопанисува овој објект? Кои се загубите од давањето на хидроцентралата Тиквеш? Зошто проектот Чебрен е обединувачки македонски проект?…

За очекување е дека аргументираната дискусија на оваа дебата ќе ѝ помогне на Владата да ја преиспита и да ја повлече вака донесената штетна одлука и да не пристапува кон склучување на Договор со било која странска или домашна компанија за доделување на концесија за користење водата на Црна река за производство на електрична енергија и управување со водите.

Реверзибилната хидроцентрала „Чебрен“ е еден од најголемите и најважните енергетски проекти на државата и е од стратегиско значење за енергетската независност на Македонија. Таа со инсталиран капацитет од најмалку 333 MW треба да овозможи Македонија да остане во поголем процент енергетски независна после 2028 година, кога поради „Зелената транзиција“ треба да престанат со работа РЕК Осломеј и РЕК Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK