Поуп ќе паузира четири месеци

Поуп-ќе-паузира-четири-месеци.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голманот на Њукасл и Англија, Ник Поуп, ќе отсуствува најмалку четири месеци. Попу мора да го оперира рамото кое го повреди изминатиов викенд против Манчестер јунајтед.


Менаџерот на Њукасл, Еди Хау, се надев дека Поуп ќе се рехабилитира пред Европското првенство.

„Секако дека е нерасположен бидејќи ни претстојат големи натпревари, а пред него е и Европското првенство. Прегледите покажуваат дека му е потребна операција, после тоа и рехабилитација, претпоставуваме дека ќе отсуствува околу четири месеци“.

Хау ги коментираше и медиумските извештаи по повредата на Поуп дека Њукасл би можел да го ангажира Давид де Хеа.

„Видов многу наслови кои се однесуваат на голманите, но и на играчите на други позиции. Никому не сме испратиле понуди. Ако сега донесеме играчи, ќе ни требаа засилувања на сите позиции. Ова е шанса за другите голмани да се борат за својот статус“, рече Хау.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK