Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов да се извини што ширеше паника со неточни информации, за наводен обид за киднапирање двајца ученици пред основно училиште во општината, велат од СДСМ.
„Јавноста е во шок поради грозоморниот случај со убиствата во Скопје и Велес и неодговорно е да се шират шпекулации и да се прават обиди за политизација“, велат од СДСМ.
Според нив, пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.
„Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации“, додаваат од партијата.