Ковачевски: Успесите на домашните компании се инвестиција во економскиот раст, го јакнеме приватниот сектор

Ковачевски-Успесите-на-домашните-компании-се-инвестиција-во-економскиот-раст.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски,  заедно со заменик-претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов и министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, присуствуваше и се обрати на настан „ТОП 100 компании“, организиран од Стопанската комора на северозападна Македонија.


„Сакам да упатам честитки за организацијата на овој традиционален настан, каде се оддава признание на ТОП 100 најуспешни компании кои членуваат во Стопанска комора на северозападна Македонија. Изборот на најуспешните ТОП 100 компании според остварени приходи, нето добивка и број на вработени е силно признание за Вашата успешна и посветена работа. Мене ми е драго што денес сум дел од овој настан, меѓутоа со оглед на тоа дека и со претседателот на комората Ќура и со другите се знаеме долги години, веројатно како и порано би бил присутен во салата но не до претседателот. Сакам уште еднаш да се заблагодарам за оваа чест“, рече Ковачевски.

Согласно податоците на Стопанска комора на северозападна Македонија, најдобрите ТОП 100 компании, во 2022 година во услови на светска економско-енергетска криза го зголеми бројот на вработени споредено со 2021 година и вработуваат 9.441 наши сограѓани, имаат реализирано нето добивка од 100 милиони евра, оствариле 1,3 милијарда евра приходи и реализирале инвестиции од 64,6 милиони евра.

„За вакви позитивни трендови, позитивни резултати сите заслужувате еден голем аплауз. Тие позитивни трендови Владата водејќи се од стратешки политики и понатаму ќе ги поддржува и ќе создава поволен и предвидлив деловен амбиент за нови инвестиции во државата. Економскиот развој е наша примарна цел. Влезот во НАТО, почетокот на преговорите со ЕУ, обезбедуваат севкупен економски напредок за сите граѓани во нашата земја. Со примената на стандардите на ЕУ и со почетокот на скрининг процесот следува забрзување на реформите и европско функционирање на институциите“ додаде Ковачевски и рече:

„Нашата економија е отворена и динамична, за тоа сведочат бројните гости кои ги имаме од стопанските комори од соседството. Поздрав до гостите од косовската стопанска комора и тоа треба да го искористиме како шанса, како средство да постигнеме успех побрзо и одржливо на долг рок“

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK