„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, се соочуваат со најмалку 10 години затвор“, вели обвинителот Бубевски

Бубевски-Ја-убиле-во-паника-решиле-парите-да-ги-бараат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Обвинителот Гаврил Бубевски во утринската програма на српската ТВ Нова изјави дека на осомничените за убиството на тинејџерката Вања и фризерот Панче Жежовски им се заканува казна затвор од десет години, како и доживотен затвор. Според него, денеска се очекуваат првите кривични пријави против осомничените.



„Последната информација е дека на уапсените им е одреден притвор од 48 часа, меѓу кои е и таткото на Вања. Тројца ја признаа вината, а четвртиот за кој имаме докази дека е вмешан, ништо не призна. Активна е меѓународната потерница по убиецот и чекаме да се реализира. Деталите за улогата на таткото се уште се исти. Ги дал сите информации за движењата на девојката, кога ќе биде сама и слично. Киднапирањето на девојчето е поврзано со личен интерес, истото го кажале и осомничените, го киднапирале детето за да земат пари од мајката. После тоа се случи убиство, кое ја потресе цела нација“, вели обвинителот Бубевски на ТВ Нова.

Според него, киднаперите се плашеле дека полицијата ќе им го открие планот, па го убиле девојчето пред нејзината мајка да биде информирана за откупот.

„Денеска ја очекуваме првата кривична пријава, очекувам да видиме што ќе се собере за да ја имаме целата приказна. Мислам дека пријавата само ќе се совпадне со приказната на осомничените“, вели обвинителот.

Обдукцијата на Панче Жежовски е завршена вчера, а денеска се очекуваат информациите, кажа обвинителот. Овие два случаи ги поврзуваат само возилото на велешанецот со кое е киднапирана Вања и извршителите на убиствата, додаде тој.

Бубевски посочува дека осомничените се соочуваат со казна затвор од најмалку 10 години до доживотен затвор.

„Никогаш до сега не е забележан ваков случај, но тоа му дава тежина“, заклучува Бубевски за ТВ Нова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK