Четири лица беа избодени до смрт во Квинс, Њујорк, а уште тројца беа тешко повредени.
Меѓу повредените има двајца полицајци и една девојка, пренесува Дејли Мејл.
Неименуваниот маж, осомничениот бил ранет во долните екстремитети за време на полициската реакција.
Осомничениот е во тешка состојба и е пренесен во локалната болница, додека за трите жртви е констатирана смрт на местото на настанот.
Четвртото избодено со нож починало набргу по прободувањето, додека останатите тројца биле пренесени во локалната болница.
Сите ранети, вклучително и неименуваната тинејџерка, се во критична состојба.
На местото на инцидентот излегле десетици полицајци, а засега се претпоставува дека станува збор за семејно насилство, иако истрагата штотуку е отворена.