(Видео) Кузеска: Пензионерите добиваат до 15.000 денари во наредните пет месеци

Видео-Кузеска-Пензионерите-добиваат-до-15000-денари-во-наредните-пет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со новиот пакет антикризни мерки пензионерите со најниски пензии до 14.000 денари, во наредните 5 месеци ќе добијат 15.000 денари на своите сметки. По 3.000 денари секој месец, изјави на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.


Таа рече дека пензионерите што имаат пензии од 14.000 до 16.000 денари добиваат по 2.000 денари месечно односно 10.000 денари.

„Оние пензионери со пензија од 16.000 до 19.000 денари добиваат по 1.500 денари месечно односно 7.500 денари. Исплатата започнува во декември, со цел зимските месеци да поминат со повеќе пари во семејните буџети. Со овие мерки опфатени се над 187.000 пензионери. И ова е само дел од низата мерки што како Владата на СДСМ ги реализира за пензионерите. СДСМ вистински се грижи за пензионерите. Преку системски мерки и со методологијата за усогласување на пензиите од септември 2022 година досега минималната пензија е зголемена за 25 проценти“, рече Кузеска.

Како што додаде, со новата методологија на пресметка на пензиите, пензиите веќе пораснаа за повеќе од 5.000 денари.

Ако се спореди со 2016 година, во време на ДПМНЕ, вели таа, просечната пензија изнесувала 13.754 денари, или нешто над 200 евра. Во време на СДСМ, оваа 2023 година, просечната пензија е покачена на околу 20.000 денари. Тоа е зголемување од околу 6.000 денари од страна на СДСМ, односно 50 отсто повеќе од ДПМНЕ, додаде Кузеска.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK