Филипинскиот претседател Фердинанд Маркос Јуниор го осуди смртоносниот масовен бомбашки напад утринава и ги обвини „странските терористи“, додека полицијата и војската ја зајакнаа готовноста на југот на земјата и околу главниот град Манила, пренесува Ројтерс.
„Најостро ги осудувам бесмислените и најгрозоморните дела извршени од странски терористи“, рече Маркос во изјавата, по експлозијата на бомба за време на утринската католичка миса во универзитетската сала во филипинскиот град Марави, во која најмалку четири луѓе ги загубија животите, а најмалку 50 беа ранети.
Лидерот на Филипините нагласи дека за непријатели на филипинското општество секогаш ќе ги смета екстремистите кои вршат насилство врз невини луѓе.