Четири тинејџери, од кои тројца браќа и 15-годишно девојче се осудени пред шведскиот суд за убиство на маж што таа го обвини за силување. Жртвата, таксист, беше пронајдена обесена во природниот резерват Енкопинг во централна Шведска во март.
Судот во Упсала утврди дека тој бил намамен таму со ветување за сексуални услуги поради претходните обвинувања во врска со девојчето. Потоа го совладале и неговото тело не било пронајдено цела недела, соопшти судот.
Најстариот од тројцата браќа, кој во моментот на убиството имал 18 години, е осуден на доживотен затвор. Другите обвинети, сите малолетни во моментот на инцидентот, беа осудени на од три до четири години во институција за млади престапници.
Тројца браќа се прогласени за виновни за убиство. Но, за девојчето и нејзиното момче, кои имале 15 години кога се случило убиството, било утврдено дека не биле на местото на настанот и биле осудени за помагање во убиството.
Телото на таксистот било пронајдено обесено на дрво. Судот заклучил дека убијците се обиделе да ја претстават смртта како самоубиство. Иако сите пет тинејџери негираа вмешаност, судот ги осуди врз основа на посредни докази презентирани од обвинителите.
Разменетите пораки меѓу тинејџерите обвинителството ги изнесе како доказ дека се работи за убиство со умисла. На 20 март, четири дена пред да исчезне жртвата, девојката му напишала на пријател: „Моите браќа ќе се сретнат со мојот силувач“.
Еден од браќата напишал: „Треба да го направиме во петок (денот на убиството)“, на што другиот брат одговорил: „Во ред“. По убиството, еден од браќата со мобилниот телефон на жртвата префрлал пари од неговата банкарска сметка.
Девојката негираше дека знаела дека браќата имале намера да го убијат мажот, велејќи дека само мислела дека ќе го претепаат. Но, Ларс Холмгард, претседател на Окружниот суд во Упсала, пресудил дека браќата го планирале убиството на човекот барем од моментот кога го купиле јажето пронајдено на местото каде што тој умрел.
„Планот мора да бил жртвата да биде обесена на јаже, смета судот“, заклучи Холмгард.