Преговорите меѓу Израел и Хамас продолжуваат и покрај прекинот на примирјето, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Катар.
„Преговорите меѓу двете страни продолжуваат со цел да се врати примирјето“, се вели во соопштението.
Министерството додаде дека „бомбардирањето на Појасот Газа во првите часови по завршувањето на примирјето го отежнува посредувањето и ја влошува хуманитарната катастрофа во Појасот“.