Динамо победи во Астана, ги задржа шансите за пласман во нокаут фазата

Динамо-победи-во-Астана-ги-задржа-шансите-за-пласман-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Foto/ EPA
Фудбалерите на Динамо од Загреб ја совладаа Астана со 2:0 на гостувањето во Казахстан во петтото коло од групата Ц, во Конференциската лига.


Тоа беше четврта средба на двата тима сезонава во Европа и четврта победа на Динамо, по двете што ги добија во квалификациите за Лигата на шампионите.

Динамо победи и во првиот меч од групната фаза против истиот ривал, тоа врза три порази и се доведе во незгодна позиција.

Двата неуспеси против Викторија и еден против Балкани ги ставија избраниците на Сергеј Јакировиќ под императив на победа на 5.000 километри далеку од дома и успеаја во тоа.

Натпреварот можеше да оди и во друга насока, но Дембо Дарбое промаши пенал за домашните во 12. минута од натпреварот.

Казната дојде во вториот дел. Габриел Видовиќ, кој е оваа сезона позајмен од Баерн, го отвори резултатот во 48. минута, а Такуро Канеко го удвои водството во 79. минута и го постави конечниот резултат.

Поранешниот капитен на македонската репрезентација, Стефан Ристовски играше до 79.минута, додека Аријан Адеми не е регистриран за оваа фаза од натпреварите во Конференциската лига.

Со овие три бода Динамо сега има шест, сите освоени против Астана, што е доволно за второто место пред мечот меѓу Балкани и Викторија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK