Честит Ден на Републиката, која повеќе не постои, a е вечна! Затоа што секогаш ќе постојат нејзините идеали. Идеалите на братство и единство меѓу народите, еднаквост, мир и напредок, антимперијализам и антиколонијализам се бесмртни. Не е ни чудо што после толку години од распадот уште се слави овој ден, дури и од луѓе кои не живееле во Југославија, затоа што овие вредности се универзални, а тука беа спроведени на дело.
Многу се плука по таа земја. Била земја на мрак… 30 години војни, криминал, корупција,, иселување на младо и старо, крах на системот, го продадивме она што го градевме 45 години на странци за од газди ба своето да станеме надничари. Светло е само за оние кои во таа Југославија за своите дела би биле стpeлани, не величани. Само на такви пробисвети кои се снаоѓаат во матни води и никаде на друго им сметаше. Ако Југославија беше мрак, матер му јебем на тој шо запали светло.
Југоносталгијата не е само носталгија кон едно минато туку и надеж за една подобра иднина. Иднина во чекор со светот.