Илон Маск денеска се среќава со израелскиот претседател

Илон-Маск-денеска-се-среќава-со-израелскиот-претседател.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Илон Маск, сопственикот на платформата за социјални медиуми „Икс“, поранешен „Твитер“, денеска треба да се сретне со израелскиот претседател Исак Херцог за време на неговата посета на Израел, пишува „Си-Ен-Ен“.


Кабинетот на претседателот соопшти дека за време на средбата, Херцог ќе ја нагласи потребата од борба против растечкиот антисемитизам на Интернет. Се очекува на состанокот да се приклучат и претставници на семејствата на заложниците кои ги држи Хамас.

„Тој ќе зборува за ужасите од терористичкиот напад на Хамас на 7 октомври и за трајната болка и неизвесност предизвикани од заробените членови на семејството“, велат од кабинетот на претседателот.

Маск неодамна предизвика жестока реакција поради неговата поддршка за антисемитската објава на „Икс“,со  која ги обвинува Евреите за поттикнување омраза против белите луѓе.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK