Во Белгија затворени речиси 30 училишта, има информации за поставени бомби

Во-Белгија-затворени-речиси-30-училишта-има-информации-за-поставени.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Голем број училишта во Брисел и во регионот Брабант ќе бидат затворени поради синоќешната закана со бомба, објави на својата веб-страница администрацијата на Советот за образование на Валонско-Брисел.


Советот донесе одлука за затворање на 27 училишта како дел од строго „придржување кон принципот на претпазливост“, пренесува Ројтерс.

Полициските служби истражуваат и прибираат дополнителни информации за кои јавноста ќе биде информирана во текот на денот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK