Гвардиола: Поголеми се шансите да останам ако не исфрлат од Премиер лигата, отколку ако ја освоиме ЛШ

Гвардиола-Поголеми-се-шансите-да-останам-ако-не-исфрлат-од.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Манчестер сити и Ливерпул во сабота од 13:30 часот на стадионот „Етихад“ ќе одиграат дербито од 13. коло во Премиер лигата. Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола одржа прес-конференција пред дербито, на која новинарите го прашаа за казната што ја доби Евертон и за обвиненијата со кои се соочува Сити.

Да потсетиме дека на Евертон му беа одземени десет бода поради прекршување на прописите за одржливост и профитабилност на Премиер лигата. Евертон ја доби најголемата казна во историјата на елитното ниво на англискиот фудбал. Казната стапи во сила веднаш, а Евертон падна во зоната за испаѓање. Слична, но позначајна и посложена истрага се води и против Манчестер сити.

Актуелниот европски шампион во февруари беше обвинет за можно прекршување на финансискиот фер-плеј од сезоната 2009/10 до сезоната 2017/18. по дури 115 точки, но се уште нема одлука.

Премиер лигата годинава воведе правилник според кој одлуките за казни поради евентуални финансиски прекршоци мора да се донесат во рок од 12 недели од почетокот на постапката, со напомена дека во исклучителни случаи тој рок може да се продолжи.

„Зошто да не верувам дека сме невини? праша Гвардиола откако беше прашан за обвиненијата со кои се соочува Сити.

„Адвокатите мора да ја изнесат својата одбрана пред судијата. Не го менувам мислењето, ќе почекаме и потоа ќе ја прифатиме одлуката“, додаде Гвардиола.

Многу навивачи на други англиски клубови бараат Сити да биде исфрлен од Премиер лигата доколку клубот од Манчестер биде прогласен за виновен. На прашањето што мисли за одземањето на рекордните поени на Евертон, Гвардиола одговори: „Нема да кажам ниту еден збор за Евертон бидејќи не знам што всушност се случи. Знам дека луѓето прашуваат зошто Сити нема да биде исфрлен. Чекајте, тоа се два сосема различни случаи“.

Гвардиола го презеде Сити во 2016 година. Запрашан дали би го напуштил клубот доколку испаднат од Премиер лигата, тој рече: „Ме прашувате како веќе да сме казнети. Во моментов сме невини. Има поголеми шанси да останам ако испаднеме отколку ако ја освојам Лигата на шампионите“.

Стефан Борсон, адвокат кој го советуваше Сити за време на истрагата за клубот, неодамна се огласи на Твитер: „Казната од 10 поени за Евертон ми изгледа строга поради едноставно прекршување на правилата на ФФП. Но, тоа потврдува дека санкциите против Сити (ако се докажат ) и против Челзи (кој се уште е под истрага) ќе бидат уште погоелмо, односно тие ќе бидат исфрлени од Премиер лигата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK