Дански пратеник призна дека е во врска со 15-годишно девојче

Дански-пратеник-призна-дека-е-во-врска-со-15-годишно-девојче.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

28-годишниот Мајк Вила Фонсека, пратеник во данскиот парламент, во интервју за „ТВ 2“ призна дека е во врска со 15-годишно девојче. Со тоа го прекршил кодексот на однесување на Умерената партија, кој не дозволува членовите да имаат сексуални односи со лица помлади од 18 години, пишува „Берлингске“.


Претседателот на партијата Ларс Локе Расмусен набрзо објави дека Фонсека треба да биде исклучен, по што самиот Фонсека реши да ја напушти партијата и да замине на боледување. Инаку, Фонсека изјавил дека родителите на 15-годишното девојче биле свесни за врската и дека дале согласност.

Последователно, родителите во интервју за „Екстра Бладет“ потврдија дека навистина дале согласност и дека ја поддржуваат врската. „Работите се случија малку рано, но нема ништо лошо во тоа. На крајот на краиштата, луѓето реагираат на разликата во годините. Но, ние имаме доверба во нашата ќерка и Мајк”, рекол таткото, кој сакал да остане анонимен.

Според нив, Фонсека во последните пет години доаѓал во нивниот дом како семеен пријател. Претставникот најпрво склучил пријателство со таткото на 15-годишното момче бидејќи имале заеднички интерес за мотори. Родителите изјавиле дека врската меѓу политичарот и нивната ќерка започнала пред пет месеци.

Откако Фонсека ја напушти Партијата на умерените, во интервју за „ТВ 2“ спомена три партии во кои може да се види себеси во иднина. Сепак, веќе следниот ден, сите три партии – Социјалдемократите, Либералната партија и Либералната алијанса – го отфрлија.

Иако Фонсека замина на боледување и беше назначена негова замена, прашање е кога ќе се врати и како ќе се позиционира според предлозите на владата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK