Вработените во судската и обвинителската администрација, ФЗОМ и Народниот правобранител на протести: бараат повисоки плати

Жена-во-инвалидска-количка-од-метежот-не-успеа-да-влезе.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поради најавените протести МВР презема посебни мерки за обезбедување на редот, односно во периодот од 11 до 14 и 30 часот на централното подрачје на град Скопје ќе се спроведува посебен сообраќаен режим. Од таму упатуваат и апел до граѓаните да ги почитуваат наредбите кои ќе ги издаваат службените лица.


Според најавите, пред Собранието ќе протестираат вработените во судската и обвинителската администрација, ФЗОМ и Народниот правобранител.

Бараат повисоки плати, а револтот кај административците кулминираше пролетва кога за 78 проценти се зголемија платите на функционерите, по одлуката на Уставниот суд.

Тврдат дека не се предвидени средства за зголемување на нивните примања според буџетот за идната година.

Од Владата најавија дека ќе се продолжи со средби со претставниците на синдикатите и согласно буџетските можности ќе бидат реализирани барањата кои ги имаат.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK