(Видео) Тотален хаос во Даблин, насилни судири меѓу полицијата и демонстранти

Видео-Тотален-хаос-во-Даблин-насилни-судири-меѓу-полицијата-и.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата во Даблин соопшти дека има насилни судири меѓу полицајците и оние што тие ги опишуваат како „екстремно десничарски демонстранти“.


Насилството се случува во близина на местото на нападот со нож во кој беа повредени пет лица, меѓу кои и три деца.

Полицајците со штитови и палки се судрија со толпата, а беа оштетени и неколку полициски возила. На социјалните мрежи кружат снимки од кои на некои се гледа целосно запален автобус и полициски автомобил.

Не е јасно што точно ги предизвикало немирите, но тоа се поврзува со денешниот напад.

Хелен Мекенти, ирската министерка за правда, рече дека не смее да им се дозволи на насилниците и манипулативните елементи да ја искористат страшната трагедија за да направат хаос.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK