Полицијата на Додик го забрани одбележувањето на Денот на државноста на БиХ

w_55280213.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полицијата на Република Српска забрани организирање митинзи на територијата на тој ентитет во саботата, кои требаше да го одбележат 25 ноември како Ден на државноста на БиХ, што ги ескалира конфликтите на спротивставените политички опции во таа земја.


Полициските администрации во Бања Лука и градот Мркоњиќ денеска соопштија дека го забраниле одбележувањето на Денот на државноста на БиХ бидејќи оцениле дека тоа ја загрозува безбедноста и јавниот ред и мир.

Што се слави на 25 ноември?
Оваа мерка без преседан беше најавена откако Социјалдемократската партија на Босна и Херцеговина (СДП) планираше во сабота да одржи свечена академија во хотел во Бања Лука по повод Денот на државноста на Босна и Херцеговина, додека организацијата на антифашистичките борци од Втората светска војна истовремено најавија средба по сличен повод во Мркоњиќ.

На 25 ноември 1943 година, во градот Мркоњиќ се одржа првата седница на Националниот антифашистички совет на Босна и Херцеговина, на која овој вид привремен парламент го објави формирањето на Босна и Херцеговина како рамноправна федерална единица во рамките на новата Југославија.

Историчарите го третираат тој настан како знак за обновување на државноста на Босна и Херцеговина.

Затоа тој датум беше прогласен и прославен како официјален празник во Босна и Херцеговина, како дел од поранешна СФРЈ, кој беше усвоен од Република Босна и Херцеговина во 1992 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK