Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје поднесе кривична пријава против 32-годишниот Т.Ф. од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, извести МВР.
„Полициски службеници извршиле претрес во неговиот дом во село Страчинци, скопско, при што пронашле и одзеле хероин, кокаин, дигитална вага со остатоци од хероин и кокаин, две рамки од автоматска пушка, 339 куршуми, една пушка, ловечка пушка и 13 ловечки патрони“, соопшти МВР.