Потер ја одбил понудата да стане селектор на Шведска

Потер-ја-одбил-понудата-да-стане-селектор-на-Шведска.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англискиот фудбалски стручњак Грем Потер ја одбил понудата да стане селектор на шведската репрезентација.


Како што објави „Афтонбладет“, челниците на Фудбалскиот сојуз на Шведска му понудиле на поранешниот менаџер на Челси и Брајтон да го наследи Јане Андерсон, кој поднесе оставка по неуспехот да се пласира на Европското првенство.

Потер (48) седум години работеше во Шведска. Тој го предводеше Остерсунд од 2011 до 2018 година.

Како што тврди споменатиот весник, Потер му се заблагодарил на првиот човек на шведскиот фудбалски сојуз за понудата и рекол дека примарна цел му е да работи во клуб и дека во моментов не е заинтересиран да работи со репрезентација.

Англискиот стручњак е без клуб од април, кога по осум месеци доби отказ во Челси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK