Гостиварец со нож се повредил себе, мајка си, сестрата и внуката, од полицијата велат дека имал здравствени проблеми

brza-pomosh-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дваесет и шестгодишен жител на гостиварско село во семејниот дом, најпрво со остар предмет неколку пати се самоповредил по телото, а потоа ги повредил и неговата 50-годишна мајка, 29-годишна сестра и малолетна внука.


„Пријавениот кој се соочувал со здравствени проблеми, како и трите други повредени лица биле пренесени во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош и се надвор од животна опасност“, велат од полицијата.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар извршиле комплетен увид.

Се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK