МАЖИ НА ГОДИНАТА 2023 – Во пресрет на 6тиот избор за Мажи на годината, да се потсетиме кој се биле добитници на награди изминатите години

Главна фотографија
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полека се наближуваме до периодот од годината кога се собираме да ги прославиме достигнувањата, придонесите и извонредните приказни на мажите кои навистина направија разлика во нашата заедница.

Титулата „ Маж на годината“ често се поврзува со престижни награди или признанија доделени на поединец кој има направено значајни придонеси или достигнувања во одредена област или на поширок план.


Па додека се наближуваме до 6тиот избор „ Мажи на годината 2023“, настан кој има за цел да влијае на општеството, преку позитивните примери, настан кој ги наградува успешните мажи лидери во повеќе категории, да се потсетиме кои биле добитници на оваа награда изминатите пет години во различни категории.

Во категоријата Менаџер на годината за 2018 наградата ја доби Живко Мукаетов, сопственикот на Алкалоид, наградата Млад менаџер ја доби Душко Чифлиганец , наградата за Маж странец во Македонија наградата отиде во рацете на Амбасадорот на Кралството Холандија, Ваутер Пломп, додека пак главната награда за Maж на годината ја доби Доктор Владимир Чадиковски.

Во 2019 , главната награда за Маж на годината беше резервирана за  Мислав Галер,  тогашен прв човек на А1 групацијата во Mакедонија ,човек со џентлменски манири, кој покрај главната награда ја освои и наградата за Маж странец во Македонија Наградата за Маж во избор на социјални медиуми ја доби Стојанче Стоилов, додека пак наградата за Хедонист на годината отиде во рацете на Габриел Стибел.

Маж на годината за 2020 година во избор на организаторите отиде во рацете на селекторот на Македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски Мрме. За маж на годината за 2020 година е прогласен неуморниот борец кој со своите 37 години ја однесе Македонија на едно големо фудбалско натпреварување, Горан Пандев.

Во категоријата Менаџер на годината за 2021 наградата ја доби генералниот директор на Нептун, Горан Цетинов, Маж со најголем придонес во културата беше избран актерот, продуцентот и директор на Фестивалот на филмска камера „Браќа Манаки“ ,Симеон Мони Дамевски. Во категоријата за Маж со најдобар стил, наградата ја доби Доктор Злате Мехмедовиќ, а главната награда Маж на годината таа година припадна на Сашко Јовев.

Изминатата година имаше 13 добитници на награди во 13 категории, помеѓу кои и главната награда за „Маж на годината за 2022 година“ која ја доби најдобриот македонски пијанист на сите времиња Симон Трпчески. Наградата „Маж со трајни вредности“ ја доби Проф. Д-р Аце Миленковски, „Маж со најголем придонес во општеството“ му припадна на Игор Гешовски -генералниот директор на Еко Логистик, наградата „Маж странец на годината“ ја доби Амбасадорот на Јапонија, Н.Е. Амбасадор Хиронори Савада. Во категоријата „Маж на годината според социјалните медиуми“ публиката го одбра Оец Оливер Петровски, најголемиот хуманист во Македонија за изминатава година.

Останува да видиме во чии раце ќе отидат овие награди на 20ти декември во Хотел Double Tree by Hilton.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK