Рубен Невеш демантира дека ќе се пресели во Њукасл

Рубен-Невеш-демантира-дека-ќе-се-пресели-во-Њукасл.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Играчот од средниот ред на Ал Хилал, Рубен Невеш, демантираше дека во зимскиот преоден рок ќе се пресели во Њукасл, пренесува британски „Атлетик“.


Португалецот има договор со Ал Хилал до јуни 2026 година.

Рубен Невеш, летово од Вулверхемптон за 55.000.000 евра пристигна во Ал Хилал. За тимот од Ријад одигра 23 натпревари и постигна три гола.

Некои британски медиуми претходно објавија дека Невеш има клаузула во договорот, според која веќе во јануари може да се врати во Премиер лигата.

Во меѓувреме, Њукасл доби право да може да носи играчи од клубови кои имаат ист сопственик. Кралското семејство на Саудиска Арабија, покрај Њукасл, во своја сопственост има шест клуба во Саудиска Арабија.

Челниците на „Страчките“ го гледаат Невеш како идеална замена за суспендираниот Италијанец Сандро Тонали.

Њукасл беше подготвен да го донесе Португалецот на позајмица до крајот на сезоната во јануари, со можност потоа да го откупи неговиот договор.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK