„Она што се случува во Газа може да се случи и во Либан“: израелскиот министер Ганц со предупредување до Хезболах

„Она-што-се-случува-во-Газа-може-да-се-случи.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Израелскиот министер и член на воениот кабинет, Бени Ганц ја предупреди милитантната група Хезболах дека „она што се случува“ во северниот дел на Газа може да се случи и во јужен Либан и Бејрут.

„Знаеме како да се справиме со оние кои нè напаѓаат, како и со оние што ги испраќаат“, рече Ганц на прес-конференција, пренесува „Тајмс оф Израел“.

Тој рече дека ниту еден напад врз суверенитетот на Израел нема да остане без одговор.

„Ние сме долготрпелив народ и ние сме трпеливи. Израелците успеаја да изградат држава и армија откако го преживеаја Холокаустот и не размислуваме „во денови, туку во вечноста“, рече Ганц.

Медиумите потсетуваат дека денеска во 10 часот по локално време треба да стапи на сила примирјето меѓу Израел и палестинското движење Хамас, кое беше договорено со посредство на Катар.

Вчера израелскиот кабинет официјално ја објави одлуката за прекин на огнот со Хамас, наведувајќи дека прекинот на огнот ќе биде ограничен на 10 дена од првото ослободување на заложниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK