Индија: Денеска се очекува да бидат ослободени работниците заробени во тунелот

Индија-Денеска-се-очекува-да-бидат-ослободени-работниците-заробени-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спасувачите во Индија продолжија да ги расчистуваат урнатините на тунелот под кој се заробени 41 работник, а се очекува тие да бидат ослободени денеска бидејќи треба да се расчистат само уште неколку метри за да се дојде до нив, соопштија властите.


Работниците се заробени веќе 11 дена во индиската држава Утараханд кога се урна тунел во изградба. Но, до нив бил пробиен отвор преку кој се доставувале храна, вода и лекови, објави Ројтерс.

Властите не кажаа што го предизвикало уривањето на тунелот, но регионот е подложен на лизгање на земјиштето, земјотреси и поплави.

Акцијата за спасување ја забави планинскиот терен.

Индиската влада во средата објави дека безбедноста на 29 тунели ќе биде разгледана по уривањето на тунелот во Утараханд, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK