Актерот Џејми Фокс се соочува со тужба за сексуален напад поднесена во Врховниот суд на државата Њујорк.
Наводниот инцидент се случил во 2015 година во популарниот ресторан во Њујорк „Catch NYC“, наведува CNN.
Лицето што го тужи актерот, идентификувано како Џејн До, во тужбата тврди дека Фокс „намерно и без согласност употребил сила и навредлив допир“, вклучително и пипкање по градите и гениталиите. Во обвиненијата се наведува дека Џејми се појавил „во алкохолизирана состојба“ во моментот на инцидентот.
Како резултат на тоа, во жалбата се наведува дека жената претрпела и продолжува да трпи „физичка и емоционална повреда, вознемиреносt, срам и економска штета“ и бара неодреден износ.
Таа, исто така, ја тужеше матичната компанија на ресторанот, „Catch Hospitality Group“, и разни поврзани бизниси за наводно несовесно вработување, обука и надзор.
Претставник на компанијата не беше веднаш достапен за коментар.
Фокс имаше здравствени проблеми претходно оваа година, откако беше хоспитализиран во Атланта.
Оскаровецот за прв пат се „зафати“ со опоравување во јули.