Пендаровски-Mилановиќ: принципиелна поддршка од Хрватска за македонските евроинтеграции

Пендаровски-Mилановиќ-принципиелна-поддршка-од-Хрватска-за-македонските-евроинтеграции.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари средба со претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ кој е во посета на земјата по повод учеството на неформалениот состанок на лидерите на НАТО сојузници од регионот, којшто се одржува во Скопје.


На средбата беа разменети мислења за севкупните односи меѓу двете држави, соработката на регионален и мултилатерален план, за европските перспективи на нашата земја и состојбите во регионот на Западен Балкан.

Во таа насока, беа разменети информации за безбедносните прашања во поширок контекст, како и за руската воена агресија против Украина и активностите во регионот.

Двајцата соговорници ја потврдија посветеноста за продлабочување на традиционалното пријателство и јакнење на регионалната соработка и изразија подготвеност за продолжување на конструктивната соработка во рамки на НАТО.

Пендаровски се заблагодари за принципиелната поддршка од Хрватска на македонските евроинтеграции.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK