Атаман им порача на навивачите на ПАО да си купат карти за завршниот турнир

Атаман-им-порача-на-навивачите-на-ПАО-да-си-купат.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, на прoмоцијата на новиот генерален спонзор на клубот, компанијата АКТОР, која во иднина ќе се појавува под името на шесткратниот европски шампион, ги повика навивачите да си купат билети за завршниот турнир во Евролигата.

„Атакуваме на титулата“, изјави Атаман, двократен европски првак со Анадолу Ефес.

„Цела Европа зборува за атмосферата во салата на Панатинаикос, особено за онаа на мечот со Виртус, но и воопшто за тоа како навивачите доминираа во Евролигата во претходните сезони. Ова е еден од оние со најманогу навивачи во Европа. На социјалните мрежи сите зборуваат за атмосферата на нашите натпревари, се пофали Атаман за атмосферата во салата „ОАКА“.

„Многу брзо ќе бидеме распродадени на сите натпревари. Нашите навивачи нека купат билети за претстојните натпревари, и за плеј-офот, а можеби и за фајналфорот. Ќе се бориме за титулата европски првак, заврши Атаман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK