Гори фабриката за бои и лакови „Еуроком“ во Тетовско

Гори-фабриката-за-бои-и-лакови-„Еуроком-во-Тетовско.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов, по првичната координација на ЦУК за опасниот пожар кај село Фалише се упати во Тетовско, известуваат од ЦУК.


Според пријавата за пожар во ЦУК, преку Единствениот број за итни повици 112 гори во фабриката за бои и лакови „Еуроком“. Пожарникарите од ТППЕ Тетово веднаш се излезени на терен. Од Ангелов е координирана помош од пожарникарите од Скопје, Гостивар, Велес и Куманово. Побарана е и помош од гостиварски приватни фирми коишто можат да помогнат со машинерија, бидејќи ситуацијата е алармантна за расчистување на материјалите што се во магацинот, а не се фатени од пожарот, велат од ЦУК.

Инаку, Ангелов координираше и за ангажман на хеликоптер од МВР, но временските услови во Тетово не дозволуваат гасење на пожар од воздух во овој момент, додаваат од ЦУК.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK