Девет лица се повредени во експлозија на рачна бомба на сточниот пазар во Призрен, а поради тоа се трага по три лица, потврди косовската полиција.
Сите повредени се пренесени во болницата во Призрен, пренесе „Н1“.
Портпаролот на полицијата изјави дека полицијата излегла на местото на експлозијата, а за се бил информиран и дежурниот обвинител.
„Идентификувани се тројца осомничени и се трага по нив“, рече тој.
Се’ уште нема информации за мотивите.