ПСЖ поради навивачите ќе и плати на УЕФА 100.000 евра

ПСЖ-поради-навивачите-ќе-и-плати-на-УЕФА-100000-евра.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Европската фудбалска унија (УЕФА), го казни Пари Сен Жермен со 98.000 евра поради серијата инциденти на натпреварот против Милан во Лигата на шампионите.


Пари Сен Жермен го победи Милан со 3:0 во натпреварот на 25 октомври на „Паркот на принцовите“, а УЕФА објави дека клубот е казнет со 75.000 евра за димни бомби на трибините, 18.000 евра за блокирање на скалите на трибините и 5.000 евра и поради влегувањето на навивачите на теренот.

Во одлуката на УЕФА на 9 ноември, се наведува дека стадионот на Пари Сен Жермен ќе биде делумно затворен за следниот натпревар во европските натпреварувања, но таа казна е условна за период од две годони.

Милан е казнет со 20.000 евра поради нереди меѓу своите навивачи и уште 3.000 за димни бомби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK