За Грковска е апсолутно неприфатливо институција да има веб-страница во функција на политичка партија, но не разговарала со Груби за тоа

За-Грковска-е-апсолутно-неприфатливо-институција-да-има-веб-страница-во.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По објавите во неколку медиуми дека вработени во државни институции стојат зад веб-страниците кои ја напаѓаа претседателката на Врховниот суд Беса Адеми и нивното поврзување со Артан Груби, вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска го охрабри истражувачкото новинарство. За неа е неприфатливо институциите да имаат такви веб-страници, но на новинарско прашање дали за тоа разговарала со Груби, вицепремиерката само кусо одговори „не“.


„Сметам дека е апсолутно неприфатливо институциите да поседуваат веб-страници кои што ќе бидат во функција на политичка партија или каква било политичка конотација“, рече вицепремиерката Грковска која денес имаше обраќање на работилницата „Институции за граѓаните“ посветена на вредностите и доброто управување со јавната администрација.

Вицепремиерката Грковска очекува истражните органи да преземат мерки објавите за злоупотреби во институциите и потсети дека таа нема надлежност оти не е истражен орган но истражните органи имаат обврска да постапуваат и по допрен глас.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK