Приведена жена од гостиварско, украдените пари и накит се пронајдени и вратени на сопственичката

Приведена-жена-од-гостиварско-украдените-пари-и-накит-се-пронајдени.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 18.15 часот во гостиварски Градец ја лишиле од слобода 54-годишната М.Р од ова село, извести МВР.


„Половина час пред тоа, таа била пријавена од 36-годишната Б.Р. од гостиварски Добридол дека во возило од јавен превоз, во кое се превезувала, од чантата ѝ одзела девизи и накит“, соопшти МВР.

Случајот целосно е расчистен, одземеното е пронајдено и вратено на сопственичката, а против М.Р. ќе следува соодветен поднесок.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK