ИСОС започнува серија средби со сметководителите ширум земјата заради јакнење на професионалните стандарди

FOTO_ISOS 2
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Од денеска до 28 ноември, управниот одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) започнува серија средби со членовите на подружниците на Институтот ширум земјата. Целта на ваквите средби е, преку директна комуникација со професионалните сметководители, да се потврдат досегашните и да се утврдат идните чекори на патот кој води кон натамошно унапредување на сметководствената професија во земјата и нејзино издигнување на исто рамниште со земјите во регионот, со земјите членки на Европската Унија и останатите развиени земји во светот.

„Овие средби се одлична можност да се потсетиме на значењето од доследно имплементирање на законските прописи и принципите за интегритет, објективност, компетентност, доверливост и професионално однесување, како основен предуслов за натамошно јакнење на професијата сметководител во нашата земја. На тој начин сите заедно ќе обезбедиме знаењето и трудот на професионалните сметководители повеќе да се вреднува и истовремено да се елиминираат нелојалната конкуренција и работата во т.н. сива зона – појави кои сеуште се присутни и нанесуваат штета на целата професија. Дополнително, сметавме дека е особено важно овие средби да ги искористиме за одново да го афирмираме значењето на меѓународните стандарди за финансиско известување, чие воведување и примена ќе донесат уште повисок степен на професионалност, поголем квалитет и изедначување на домашната сметководствена практика со онаа што се применува во глобални рамки, што секако ќе ја зголеми атрактивноста на оваа професија помеѓу младите“, изјави претседателката на ИСОС, Весна Прентоска.


Серијата средби со членовите на подружниците на Институтот започна во Тетово, а ќе продолжат и во Велес, Струмица, Штип, Прилеп, Битола, Куманово и Скопје.

ИСОС e професионално здружение, основано согласно Законот за вршење на сметководствени работи, кое обезбедува организирано делување и застапување на интересите на повеќе од 8000 сметководители и овластени сметководители во нашата земја.

 

Скопје, 21.11.2023

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK