Челниците на Бенфика немаат намера во јануари да започне разговори со Манчестер јунајтед за потенцијалниот трансфер на Жоао Невеш, објави на социјалните мрежи новинарот Фабрицио Романо.
Манчестер јунајтед подолг период го следи младиот дефанзивец. Клупските скаути се речиси на секој натпревар на Бенфика од почетокот на сезоната.
Од друга страна, Бенфика не сака да преговара во јануарскиот преоден рок, веројатно клубот е подготвен да го продаде Невеш во летниот преоден рок. Откупната клаузула во договорт на Невеш изнесува 120.000.000 евра. Невес има договор до јуни 2028 година.