Поранешниот израелски премиер Ехуд Барак предизвика контроверзии откако изјави за Кристијане Аманпур на Си-ен-ен дека Израел помогнал да се изградат некои подземни простори под болницата Ал Шифа во Газа. За време на интервјуто, Барак рече дека бункерите што ги користел Хамас за терористички активности првично биле „изградени од израелски градежници“.
„Кога рековте дека се изградени од израелски инженери, дали се изразивте погрешно?“, го праша изненадено, Аманпур.
„Не, не, знаете, пред неколку децении го водевме местото… па им помогнавме… им помогнавме да ги изградат тие бункери за да овозможат повеќе простор за работа на болницата“, одговори Барак. Аманпур призна дека коментарот на Барак ја оставил „малку збунета“.
Amanpour: “When you say [the bunker under al-Shifa] was built by Israeli engineers, did you misspeak?
Ehud Barak: “No, decades ago, we were running the place… we helped them to build these bunkers.”
Amanpour: “Ok. That’s sort of thrown me a little bit.”pic.twitter.com/CTYfMij2V0— Mehdi Hasan (@mehdirhasan) November 21, 2023
Тајмс оф Израел објави дека видеото е широко распространето на интернет и е претставено од израелските критичари како доказ дека Израел лаже дека Хамас гради тунели под Шифа и го користи медицинскиот комплекс за да се заштити од напади.
Израелските власти тврдеа дека Хамас првично го присвоил подрумот на болницата – изграден од Израел кога сè уште владеел со Газа – и дека терористичката група оттогаш ископала уште неколку ката и додала тунели за да го направи местото центар на својот огромен подземен лавиринт.