„Градоначалникот на Охрид од редовите на ДПМНЕ го призна егзотичното патување но молчи за клучното прашање, кој го платил?“, вели СДСМ.
„Го охрабруваме Кирил Пецаков да излезе пред охриѓани и пред целата македонска јавност да одговори:
Колку пари чини ова егзотично патување и на чија сметка крстареше Пецаков, заедно со секретарот на општина Охрид, но и други лица од неговиот Кабинет?“, прашува СДСМ.