За прв пат откако се урна тунел во северната индиска држава Утараханд, снимени се работниците кои се заробени таму. Девет дена во тунелот се 41 работник.
Видеото е снимено со помош на ендоскопска камера која вчера била помината низ нова цевка издупчена во тунелот, пишува Би-би-си. Спасувачите користеле и цевка за да им го дадат на работниците првиот топол оброк по девет дена.
Работниците до сега се прехрануваа со грицки кои се праќаа преку потесна туба вметнато претходно.
Тунел во изградба се урна утрото на 12 ноември по лизгање на земјиштето. Набргу потоа бил воспоставен контакт со затрупаните работници и оттогаш им се обезбедува кислород, храна и вода.