Анри воодушевен од Мбапе: Тој е надвор од овој свет

Анри-воодушевен-од-Мбапе-Тој-е-надвор-од-овој-свет.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот француски фудбалер Тјери Анри изјави дека она што Килијан Мбапе го направил досега во кариерата е неверојатно и истакна дека фудбалерот на ПСЖ „дише“ фудбал.


Мбапе постигна 300 голови во кариерата побрзо од Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

До тоа достигнување дојде викендов, во убедливата победа на Франција против Гибралтар (14:0), на 24 години и 333 дена.

И Меси и Роналдо, двете најголеми фудбалски ѕвезди на 21 век, беа постари кога ја достигнаа таа бројка.

„Она што го прави ова дете е навистина надвор од овој свет. Тоа е едноставно неверојатно“, рече Анри, кој сега има задача да ја води новата генерација француски играчи како тренер до 21 година.

Мбапе често беше споредуван со Анри порано во неговата кариера, бидејќи и двајцата поминаа сличен пат до успехот.

И Анри и Мбапе поминаа низ академијата Клерфонтен пред да играат за Монако со кој и двајцата ја освоија титулата во француското првенство. Потоа, Мбапе повтори уште едно од достигнувањата на Анри кога го освои Светското првенство во 2018 година на неговиот прв голем турнир со Франција. Анри успеа да го направи тоа во 1998 година.

„Тој е стрелец, асистира, знае се да направи. Секако дека има простор за напредок, но тоа не е поентата“, изјави Анри.

На прашањето колку голови Мбапе може да постигне во кариерата, Анри на шега кажа 1.000 пред да рече: „Сè зависи од него“.

„Тој е човек кој дише фудбал, кој добро се подготвува, неговата професионалност и желба за игра се секогаш тука. 300 гола? Има некои на кои тоа не им успеа ниту на тренинзите“, изјави Анри.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK