(Видео) Товарен брод потона во Турција поради силно невреме: едно лице загина, 11 членови на екипажот се исчезнати

Видео-Товарен-брод-потона-во-Турција-поради-силно-невреме-едно.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турските спасувачи го пронајдоа телото на еден член на екипажот на товарен брод кој потона крај турскиот брег во Црното Море поради силна бура, соопштија официјални лица. Останатите 11 членови на екипажот се пријавени за исчезнати.


Бродот „Кафкаметлер“ под турско знаме потона вчера во близина на пристаништето во градот Ерегли.

Министерот за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу изјави дека бродот се движел кон западното турско пристаниште Измир.

Акцијата за пребарување и спасување беше одложена неколку часа поради лошите временски услови.

Уралоглу рече дека кога времето се смирило, спасувачите го пронашле телото на готвачот на бродот.

Силно невреме го погоди северозападниот дел на Турција предизвикувајќи прекини и големи штети.

Друг товарен брод се скрши на половина поради тешките временски услови откако се насука кај Ерегли, соопшти Генералниот директорат за поморски работи, а сите 13 членови на екипажот беа спасени.

Поради поплавите евакуиран е и еден затвор во тој град, а четири лица загинаа во различни инциденти предизвикани од невремето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK