Тирк: „Страшни настани во изминатите 48 часа во Газа, јас сум запрепастен”

Во-основа-е-пекол-на-земјата-Градот-Газа-оставен-тотално.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Високиот комесар на ОН за човекови права Фолкер Тирк рече дека е „згрозен од страшните настани во изминатите 48 часа во Газа“.


„Убиството на толку многу лица во училиштата кои беа претворени во засолништа, во услови на бегство на стотици други од болницата „Ал-Шифа“ и раселување во јужниот дел на Газа, е целосно спротивно на заштитата на цивилите што ја бара меѓународното право“, рече Тирк на социјалната мрежа Х.

Тој во видео порака рече дека „ова мора да престане“ и дека треба да се воспостави прекин на огнот „врз основа на хуманитарни и човекови права“, пренесува Би-Би-Си.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK